Меси демантира дека е во лоши односи со Виља

Моментално најдобриот играч на светот, аргентинецот Лионел Меси ги демантираше пишувањата во одредени медиуми дека имал големи несогласувања со неговиот тимски колега, Давид Виља.

Двоецот од нападот на Барселона имаше кратка расправија на теренот, но, тоа остана на теренот само.

„Се остана на теренот, ние се согласуваме многу добро, како и сите други останати играчи во соблекувалната. Тој е добра особа кој со никого не се кара“ изјави Меси.

„Многу е тешко да се скарате со Виља, со оглед на неговиот карактер. Имаше разговори околу тоа што се случи на натпреварот, но, проблеми никогаш нема“ вели Меси.

Пронајдете не на следниве мрежи: