Памела Андерсон има и други атрибути за покажување (фото)

Изгледа дека Памела Андерсон го најде еликсирот на младоста, бидејќи оваа позната блондинка изгледа се подобро.

 

На промоцијата на друштвото за заштита на китови, кое го основаше филмската легенда Брижид Бардо, жената со најпознатото деколте на светот, Памела Андерсон се појави во едноделен костум за капење, но различен од оној што го носеше во серијата “Чувари на плажата”. Памела носеше спортски костум за капење кој целосно го сокри нејзиното деколте, но затоа таа успеа да ги истакне своите нозе. На нив може да и завидат голем дел од нејзините помлади колешки.  

 

Канадската актерка и модел, која годинава го прослави својот 45 роденден, се уште е во центарот на вниманието, без разлика дали е тоа така поради нејзината борба за заштита на загрозените животни или нејзиното совршено тело и руса коса.

 

Поврзани статии:

Памела Андерсон гола докажува дека не старее

ФОТО: Како изгледа Памела Андерсон отпозади (за промена)

Памела Андерсон повторно во спасувачкиот костим за капење

 

Пронајдете не на следниве мрежи: