Познатите пееја за жртвите од ураганот Сенди

Loading...

Брус Спрингстин и Бон Џови, родени во државата Њу Џерси, една од најтешко погодените области од ураганот Сенди, им се приклучија во петокот на Стинг, Кристина Агилера и друг музичка ѕвезди на телевизискиот концерт на кој се собираа пари за помош на жртвите од стихијата.

Едночасовното телевизиско шоу го отвори Кристина Агилера велејќи “Родена сум на Стејтен Ајленд. Пред четири дена, ураганот Сенди таму мина и го разори. Ќе сториме сѐ што можеме да помогнеме никој нема да биде оставен“, рече пејачката.

По неа следеше Бон Џови, кој беше прикажан во кус филм снимен оваа седмица откако побрзал да се врати во Сајервил, во Њу Џерси, од својата британска промотивна турнеја, за да го утеши своите сограѓани и да се увери во обемот на штетите. Бон Џови ја отпеа „Who Says You Can't Go Home“, а Стинг се реши за „Message in a Bottle“ неговиот хит препознатлив по рефренот „Sending out an S.O.S.“, односно за испраќањето повик за помош. Настапија и Били Џоел,м групата Аерoсмит и други ѕвезди на американската сцена.

Концертот под мотото „Ураганот Сенди нѐ обединува“ од студиото на телевизиската мрежа NBC го пренесуваа повеќе телевизиски и интернет станици, а собраната сума ќе биде донирана на американскиот Црвен крст кој набавува храна и хуманитарна помош за жртвите од ураганот кој изминатите денови го опустоши источниот брег на САД и Карибите.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Нешто ново и од Елена Ристеска

Шмрка кокин, пуши крек, гледа порно филмови и ангажира проститутки

Гвинет Палтроу: Дедо ми ми кажа дека градите ми се како јајца на око

loading...
Loading...