Анџелина Џоли си одбра венчаница

Венчавката на оваа бранџелинска двојка беше мета на светските медиуми, прво беше закажана па откажана. До неодамна беше најчитаната и најслушана вест низ медиумите дека наводно секогаш привлечниот Бред Пит ја напуштил.

 

Но, и покрај се Анџелина Џоли ја одбра својата венчаница, со што безмалку сите гласини досега пласирани ги демантира на најдобар можен начин.

 

Дизајнерката која ќе ја има честа да го креира нејзиниот венчален фустан е L’Wren Scott. Американска креаторка која е веќе десет години во врска со Мик Џегер, креаторка за која Џоли смета дека поради нејзиниот софистициран стил е вистинскиот избор за изработка на креацијата за нејзиниот голем ден.

 

И покрај изборот на светски најпознати дизајнери, на Анџелина сепак и не и важно дали креаторот ќе биде некое големо име. Таа смета дека L’Wren Scott најдобро го разбира нејзиното тело, креаторка која е обожувана и од страна на Сара Џесика Паркер, Никол Кидман и Пенелопе Круз.

Погледнете ги следниве статии

 Анџелина Џоли и Бред Пит направија куќа за секс

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Анистон љубоморна на Џоли!

 

 

 

 

 

 

 Џоли, Пит и Лопез како деца!

Пронајдете не на следниве мрежи: