Грчките клубови штедат, наместо со авион, патуваат со автобус, и…НЕМА ВЕЌЕ ХОТЕЛИ!!!

АЕК е само еден пример од грчките клубови каде се применуваат сериозни мерки на штедење, како и повеќето грчки клубови, така и АЕК падна во сериозна финансиска криза.

Некои од клубовите во Грција не патуваат повеќе со авион на гостувањата, туку со автобус. Така Верија од северот патуваше до Триполис на југот дури осум часата, го изгуби натпреварот и се врати веднаш по натпреварот, со самото тоа да заштеди пари.

АЕК исто така има мерки на штедење, за вечерашниот дерби дуел со Панатинаикос нема да биде во карантин, со самото тоа се откажуваат од хотел.

Според информациите, овие мерки на штедење на АЕК им „тргна настрана“ околу 400 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: