Ван Перси имал понуда и од Сити, а Јунајтед го пропуштил пред 11 години

Робин Ван Перси ова лето го напушти тимот на Арсенал и се пресели во Манчестер Јунајтед, а според зборовите на Арсен Венгер, за него биле заинтересирани и Сити, сепак, Ван Перси го одбра Манчестер Јунајтед поради подобрата понуда.

„Вистина е дека Манчестер Сити беше заинтересиран за Ван Перси, но тој го избра Јунајтед. Сеедно не сум посакувал да оди во некој друг англиски клуб“ вели Арсен Венгер.

Според информациите, Ван Перси би можел да отиде во Манчестер Јунајтед уште пред 11 години кога играше во Феенорд, но се случил мошне интересен настан, на еден натпревар додека го скаутирале скаутите на Јунајтед, Ван Перси добил црвен картон, што воопшто не им се допаднало на скаутите од Манчестер Јунајтед.

Пронајдете не на следниве мрежи: