Роналдо: Меси не ми е пријател

Фудбалерот на екипата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, изјави дека нема пријателски односи со неговиот голем конкурент, фудбалерот на Барселона, Лионел Меси.

„Лионел Меси е одличен играч, имам професионален однос со него како што имам со сите други фудбалери. Не ми е пријател бидејќи не ја делиме соблекувалната. Така да не сме пријатели во вистинска смисла на зборот, само по нашата професија“ изјави Роналдо кој нагласи дека се согласува со аргентинецот во врска со тоа што медиумите на големо пишуваат за нивниот ривалитет.

Пронајдете не на следниве мрежи: