Серија „А“: Лекција по фудбал од Катанија за Лацио, незгодниот Торино му одзеде победа на Наполи

Екипата на Катанија на домашен терен целосно го надигра тимот на Лацио совладувајќи го со високи 4-0, Торино повторно незгоден за фаворитите, овој пат Наполи беше неуспешен и двете екипи одиграа реми со резултат 1-1.

Кавани во 7-мата минута стрелаше за водство на Наполи од 1-0. Торино во 90-тата минута израмни преку Сансоне.

Катанија со головите на Гомез во 9-тата, Лоди од пенал во 25-тата, Гомез повторно во 29-тата минута, и Бариентос во 69-тата минута од мечот славеше со високи 4-0 над екипата на Лацио.

Резултати…

Пескара-Парма 2-0

Болоња-Удинезе 1-1

Катанија-Лацио 4-0

Фиорентина-Каљари 4-1

Наполи-Торино 1-1

Сампдорија-Аталанта 1-2

Сиена-Џенова 1-0

Пронајдете не на следниве мрежи: