Фергусон: Требаше со „петарда“ да ги победиме Арсенал, наредниот пат јас ќе шутирам пенал!!!

Менаџерот на екипата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, даде интересна изјава каде вели дека Манчестер Јунајтед требало со многу повеќе голови да слави во дуелот со Арсенал отколку онака како што заврши, минимално, во врска со промашениот пенал, вели дека тој ќе го шутира наредниот пат пеналот.

„Минатата сезона ја изгубивме титулата поради лошата гол-разлика и не сакам да се случи тоа повторно. Требаше да постигнеме минимум пет голови, шест, можеби и повеќе голови, разочаран сум бидејќи не успеавме да ја зголемиме предноста“ вели Ферги.

„Следниот пат јас ќе го шутирам пеналот, тогаш сигурно ќе погодиме“ заврши Фергусон со својот коментар по вчерашниот дерби дуел со екипата на Арсенал.

Пронајдете не на следниве мрежи: