Земан може да „здивне“, Рома убедлива против Палермо

Екипата на Рома убедливо славеше на домашен терен против тимот на Палермо со резултат 4-1 и со овој натпревар се комплетираше 11-тото коло од Серија „А“.

Тоти уште во 11-тата минута од мечот стрелаше за 1-0, во 31-вата минута од мечот Освалдо зголеми на 2-0 и тоа беше резултатот при првиот дел од мечот.

Во вториот дел, Ламела зголеми на високи 3-0 во 69-тата минута, Дестро во 79-тата веќе погоди и за 4-0, а Иличиќ го ублажи поразот на гостите на 4-1 во 84-тата минута од мечот.

Пронајдете не на следниве мрежи: