Промоција на спот на Елена Ристеска

Видео спотот за најновата песна на поп пеjачката Елена Ристеска – „Опасно време“, во понеделник ќе биде промовиран во кафетеријата „Драма“ на улица `Македонија` (спроти ресторанот `Пелистер`).

Пејачката Ристеска  по едногодишна апстиненција, супериорно се враќа на сцената во до сега невидено издание.
Видео клипот е различен од сето досега видено од Елена како видео продукција и е всушност “краток игран филм“ во режија на младиот автор Даниел Јовески.
Покрај главната “хероина Елена“, во спотот играат и професионалните актери Славиша Кајевски и Нино Леви.

Спотот се снимаше на дваесеттина локации во Скопје и Охрид во период од една седмица.
Песната  „Опасно време“ е снимена во студиото „Димитрови“, автор на музиката, аранжман и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Мирко Попов од ПМГ и Елена Ристеска.

Погледнете ги следниве статии

Премиерно новиот спот на Калиопи

Нешто ново и од Елена Ристеска

ФОТО: Елена Ристеска продолжува со промените во својот живот

Пронајдете не на следниве мрежи: