Играчите од Премиер Лигата доминираат на листата најдобри во Африка

Тројца репрезентативци на Брегот на слоновата коска ја предводат селекцијата на играчи од Африка за фудбалер на годината, а повеќето кандидати доаѓаат од англиската Премиер Лига.

На тој список се наоѓаат…

Јаја Туре, Дидиер Дрогба и Жервињо, како претставници од Брегот на Слоновата Коска. Сите тројца играа во Премиер Лигата во 2012 година, Туре ја освои титулата, а Дрогба беше на чело во Лигата на Шампионите со тимот на Челзи.

Други играчи се Демба Ба од Њукасл, Џон Оби Микел од Челзи и Алесандре Сонг кој од Арсенал премина во тимот на Барселона.

Понатаму, следи Јоанес Белханд, кој одигра клучна сезона со Монпеље.

А на списокот е секако и Крис Катонго, играчот од Замбија, кој го освои афричкиот куп на нации.

Пронајдете не на следниве мрежи: