Венгер му се налути на Сантош

Loading...

Арсен Венгер е разочаран од потегот на Андре Сантош кој на полувремето од мечот меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Арсенал зема дрес од поранешниот играч на Арсенал, Робин Ван Перси.

Навивачите на екипата на Арсенал веќе на големо зборуваат и коментираат дека дефинитивно Сантош со овој потег го нанесол нивниот гнев, па се очекува уште на наредниот натпревар со Фулам да се види реакцијата на фановите.

„Не би требало да го прави тоа, тоа е факт, но од друга страна и не треба да правиме приказна од тој настан“ изјави Венгер.

loading...
Loading...