Бред Пит започнува нова кариера

Loading...

Холивускиот срцекршач, Бред Пит, минатата година најави дека планира да се повлече од филмската индустрија кога ќе наполни 50 години. По се изгледа дека 48 годишниот актер е сериозен. Пит веќе почна да прави првите чекори во својата нова кариера – дизајнер на мебел!

 

Холивудскиот актер од сега е дизајнер на ексклузивен мебел, а списанието Arhitectual Digest  веќе го интервјуираше Бред по повод лансирањето на неговата прва колекција. Актерот, својата енергија и своите идеи ги здружи со дизајнерот Франк Полар и нивните производи ќе ги претстават на изложба во Њујорк на крајот од овој месец. Но и по завршувањето на изложбата, дизајнираните парчиња мебел од Бред Пит нема да може да се најдат во обични продавници за мебел. Тие ќе се продаваат на посебен начин, кој актерот се уште не го соопштил за јавноста, а ако сакате парче мебел, како стол, кревет или маса со неговиот потпис ќе треба да издвоите сума од 35.000 евра. 

 

 

Бред Пит изјави како неговата љубов кон дизајнот се родила одамна: “Своите идеи за згради и мебел ги цртам уште од почетокот на 90 години, уште од како ги открив архитектите Чарлс Рене Макинтош и Френк Лојд Вригт.”

 

Бред го запозна својот сегашен партнер Френк, уште кога се всели заедно со Анџелина и децата во нивната заедничка куќа во Франција. Бред Пит му бил клиент на Френк, а една ноќ, помината со многу вино, била пресудна за нивната соработка.

 

Поврзани статии:

Анџелина Џоли и Бред Пит направија куќа за секс

 

Бред Пит за своето минато со дрогата

 

Бред Пит посигурно се чувствува со оружје дома 

 

 

loading...
Loading...