Дејвид Бекам ќе стане телевизиски водител

Loading...

Во светот на спортот, Дејвид Бекам е познат како еден од најдобрите играчи во Англија во последните две децении. Но откако премина од Реал Мадрид во ЛА Галакси, Бекам стана атракција и во САД. 

 

Деновиве, тој доби понуда да стане спортски водител на една спортска тв програма во САД. Компанијата Time Warner одлучила да направи се што може за да Дејвид стане нивното ново телевизиско лице. Наводно, за да го имаат Бекам како дел од својот тим, тие издвоиле неколку милиони долари, се со цел, тој да каже “Да”. 

 

“Сакаме Дејвид да биде најшиот нов водител, без разлика дали тој ќе игра за Галакси или не. На добар пат сме да станеме најјак спортски канал во земјата, и Бекам е еден од клучните елементи на овој план” – изјавија од компанијата.

 

Кариерата на 37 годишниот фудбалер полека се движи кон крајот, па затоа ова е добра прилика за него. Со оваа понуда, тој ќе добие своја сопствена емисија, во која ќе ги интервјуира познатите фудбалски ѕвезди. Тој ќе има голема слобода во изборот на тоа кој фудбалер да гостува во неговата емисија. 

 

Неодамна, во јавноста излегоа гласини дека Бекамови се враќаат во Лондон, но ако Дејвид ја прифати понудата да стане нова ТВ ѕвезда, веројатно селењето на другиот континент малку ќе почека.

 

Поврзани статии:

ФОТО: Викторија Бекам во секси црно бело издание

Дејвид Бекам како Џејмс Бонд

Мажите не ги сакаат рекламите со Дејвид Бекам

loading...
Loading...