Милан Поповиќ има нова девојка која личи на Северина

Српскиот крал на бакарот, кој во последниве неколку месеци беше главна тема на таблоидите низ Балакнот, конечно сврте нов лист во својот приватен живот. Спорд српски Курир, Милан има нова девојка. 

 

Станува збор за прекрасната глумица Марија Каран. Наводно, искрите помеѓу нив се родиле уште на самиот почеток на 2012 година, кога Милан и Марија го славеле дочекот на новата година, во заедничко друштво, во еден познат белградски ресторан. 

 

Пријател близок на Милан го изјави следново: “Милан и Марија имаат заеднички пријатели меѓу кои е и глумецот Мима Караџиќ, во чије друштво беа и двајцата таа ноќ кога се запознаа. Сега за сега им оди супер, и многу си одговараат. Марија му е навистина голема пордшка на Милан додека поминува низ разводот со Северина.”

 

Милан Поповиќ сака да ја чува оваа врска во тајност, бидејќи му е доста од целата прашина што се крена во јавноста околу разводот со хрватската пејачка Северина.

 

Дали новата девојка на Милан, го запознала неговиот син Александар и дали тој ја прифатил како новата девојка на “тато” се уште не е познато за јавноста. 

 

Она што е многу интересно за јавноста е  фактот дека новата девојка на Милан многу потсетува на Северина во нејзините помлади денови.

Дали тој навистина ја преболе Севе или пак ова е еден вид утеха за него, останува да видиме.

 

Поврзани статии:

Конечно детали за разводот на Северина

 

Северина лудува во дискотеките во Загреб

 

Ексклузивно: Новата, се уште необјавена песна на Северина!

 

Пронајдете не на следниве мрежи: