Britney Spears пишува автобиографија

Поп пеачката Бритни Спирс наводно е во преговори со издавачка куќа да издаде автобиографија.

Како што пренесува 'Holiwood reporter', пеачката ќе пишува книга базирана на нејзиниот живот. Преговорите се веќе во тек со издавачката куќа 'IT books'. 

Спирс во моментов е судија во музичкото шоу 'The X factor' и наводно соработува со музичарот Will I Am за неговиот последен албум. 

Неодамна Врховниот суд во Калифорнија, го одби тужбеното барање на поранешниот менаџер на Спирс, каде што тој бара да му се исплатат 15% од заработката од последниот албум на Спирс 'Blackout' kој се продаде во 3,1 милиони копии.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Britney Spears во резиденција од 8,5 милиони долари

 

 

Имитаторка на Бритни Спирс од која ке останете подзинати

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: