Сантош се извини за потегот

Фудбалерот на Арсенал, Андре Сантош, им се извини на навивачите на Арсенал поради тоа што зема дрес од Робин Ван Перси на дербито со екипата на Манчестер јунајтед.

„Сакам да им се извинам на навивачите кои се почувствуваа повредени со мојот потег. Намерата не ми беше да направам скандал од сево ова“ вели Сантош.

„Сепак, сакам да луѓето сфатат дека Робин е мој пријател и дека неможам да го тргнам тоа настрана само поради тоа што тој отиде во Манчестер Јунајтед. Никогаш нема да му ја свртам главата пред добриот другар, ме изненадува како тоа луѓето остро реагираа поради овој потег кој промовира фер и пријателство“ додаде Сантош.

Пронајдете не на следниве мрежи: