Curiosity еден ден може да се врати на Земјата

Loading...

Директорот одделот за истражување на Марс при американската агенција за вселенски истражувања NASA, Даг Меккујстон се надева дека еден ден астронаутите ќе можат да го вратат на Земјата роботизираното вселенско возило Curiosity кое сега ја истражува Црвената планета.

Според експертот на NASA, човечки екипажи може да слетаат на Марс меѓу 2030 и 2040 година.

Возилото Curiosit, коешто на Марс се спушти во август годинава, би требало да ја заврши истражувачката мисија за две години, но генераторот RTG (радиоизотопскиот термоелектрични генератори) коишто му обезбедуваат греење и струја, така што би можело да му овозможи да биде во функција уште долго време по завршувањето на мисијата.

„Се надевам дека луѓето ќе бидат испратени на Марс меѓу 2030-те и 2040-те години и дека ќе можат да дојдат до Curiosity и да го вратат на Земјата, убеден сум дека некој музеј со задоволство би го изложил“, вели Меккујстон, пренесува BBC.

Меѓутоа поради трошењето на работните делови на вселенското возило, нарекуван и ровер, а всушност претставува истовремено и робот и лабораторија, неговиот работен век може да заврши дали пред да се потроши генераторот.

Исто така, голема закана за опстанокот на Curiosity во секој момент се и ударите од метеорити коишто со илјадници му се закануваат на Марс.

„Доколку испратиме луѓе, ти е ќе мора да внимаваат на тие метеорити“, вели експертот на NASA.

Макфакс

 

loading...
Loading...