Дебитира 335 серија на Intel® Solid-State Drive

Loading...

Корпорацијата Intel во понеделникот објави дека започна со испорачувањето на првите дискови (SSD) направени со водечката 20 нанометарска NAND флеш меморија.

Новата серија Intel® Solid-State Drive 335 (Intel® SSD 335 Series) ја содржи најмалата и најефикасна NAND флеш ќелија на пазарот што и’ овозможува на компанијата да ја унапреди својата серија 300 клиент/потрошувач SSD дискови со помош на нова технологија. Овие дискови нудат подобрување на целокупното работење на компјутерот, ја зголемуваат продуктивноста на апликациите и другите активности на процесирање како што се пребарување на интернет, гледање филмови, видео конференции итн.

Серијата 335 Intel е SATA диск со шест гигабајти во секунда (Gb/s) кој може да го замени традиционалниот, побавен хард диск (HDD) со цел да се добие побрз пристап до документи и програми. Интел SSD 335 има капацитет од 240 гигабајти (GB) кој последователно чита 500 мегабајти во секунда (MB/s) и 450 MB/s последователни записи за да им овозможи на корисниците комбинација од врвен перформанс и квалитет на Intel по поволна цена.

Овој производ е првиот диск на Intel кој ја користи најновата 20 нанометарска NAND флеш меморија која е заеднички производ со Intel/Micron flash технологија (IMFT). Taa беше најавена во април, а испораката започна во декември 2011 година. Оваа NAND технологија користи структура на ќелиите која овозможува поагресивно скалирање на ќелиите за разлика од конвенционалните архитектури. Дваесет нанометарската 64Gb NAND меморија користи рамна структура на ќелиите, прва од ваков вид, за да ги надмине потешкотиите кои се јавуваат со напредни технологии и со тоа овозможуваат добар перформанс и доверливост на исто ниво како претходната 25 нанометарска генерација. Рамната структура на ќелиите успешно ги надминува скалабилните ограничувања на стандардната NAND портна ќелија со интегрирање на првиот Hi-K/metal gate stack со NAND производство.

„Intel SSD 335 користи Hi-K/metal технологија на рамни ќелии, која ги надминува скалабилните ограничувања и ја испорачува најмалата NAND ќелија,“ изјави Роб Крук, потпретседател на компанијата Intel и менаџер на групацијата „Intel Non-Volatile Memory (NVM) Solutions Group“.

„Со поместување на ограничувањата на технологиите и со користење на иновација во процесите, Интел може да продолжи со унапредување на SSD технологијата и да им помогне на корисниците да заштедат“, дополни Крук.

Intel SSD 335 нуди перформанс најдобар во својата класа, квалитет и вредност. По мерењето на случајни инпут/аутпут (I/O) операции во секунда (IOPS) користејќи 4KB IOPS, Интел SSD 335 чита до 42,000 IOPS и запишува со 52,000 IOPS. Достапен во 2,5 инчен форм фактор во 9,5мм кејс, тој е брза замена за конвенционалниот хард диск. Со 3 годишна гаранција, Интел SSD 335 серијата од денес е достапна ширум светот.

На сите оние кои ќе купат Intel SSD диск, достапен им е и Intel® SSD Toolbox со Intel® SSD Optimize, бесплатна услуга за корисниците на Microsoft Windows* што им овозможува моќен сет од менаџерски, информациски и дијагностички алатки за одржување на здравјето и перформансот на дискот. Достапен е во 11 јазици и е компатибилен со Windows* 8. За да си ја олеснат инсталацијата, сите Intel SSD корисници може да го преземат бесплатниот софтвер-Intel® Data Migration Software што ќе им помогне да ги клонираат сите содржини од претходниот диск (SSD или HDD) на кој било Intel SSD диск.

Макфакс

loading...
Loading...