Обама го победи Ромни

Демократот Барак Обама е повторно избран за претседател на САД, откако на одржаните претседателски избори го победи кандидатот на Републиканската Партија, Мит Ромни.

Првичните резултати покажуваат дека Обама освои 281 електорски глас, наспроти 203-те гласови на против-кандидатот Ромни.
Според американскиот устав, секоја држава врз основа на пребројаните резултати и пропорционално на својата популација дава електорски гласови.

Кандидатот што ќе освои над 270 електорски гласови победува на изборите.
Обама победи во Ајова, Пенсилванија, Мичиген, Минесота и Висконсин, а тесната победа во Охајо ја запечати победата.
Ромни триумфираше во Северна Каролина и Индијана, две држави во кои Обама победи во 2008 година.
Меѓутоа, Ромни не ја освои мнозинската доверба на гласачите во Охајо и неколку други републики, потребна за достигнување на прагот од 270 електорски гласови.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Прославата на годишнината од бракот на Мишел и Барак Обама

181 јавна личност во кампањата за Обама

Обама и Ромни израмнети на првото избирачко место

Пронајдете не на следниве мрежи: