Џорџ Лукас ќе донира 4.5 милијарди долари

Познатиот режисер изјави дека сите 4,05 милијарди долари кои ќе ги добие од продажбата на својата компанија, ќе ги донира на добротворна организација за едукација, иако сеуште не напоменал за која се работи.

 

Најверојатно станува збор за Edutopia, организација која се бави со воведување на нови инвентивни предмети во училиштата.

 

Да потсетиме, овој вторник беше објавено дека Disney ја купи Lucasfilm, компанијата која стои зад сагата „Star Wars“ и „Indiana Jones“, од Lucas за 4,05 милијарди долари. Тој тогаш изјави „Време е да ги предадам „Star Wars“ на новата генерација“.

При објавата за купувањето, Disney најави и планови за излегување на нов филм од популарната сага, во 2015-та, кој ќе биде седми по ред. По него ќе следат и осми и девети дел на секои две-три години.

 

Поврзани статии:

Дизни ќе снима Војна на Ѕвездите

 

Режисерот на “Сопранови” со нов филм

 

Најстрашните филмски ликови без костими и шминка

 

Пронајдете не на следниве мрежи: