6 новозаболени медицински лица во кумановската болница

6 новозаболени медицински лица во кумановската болница

Позитивни  резултати пристигнале денеска, а се работи за медицински сестри и акушерки.

Во понеделникот биле земени брисеви од 71 вработен а се уште ги чекаат поголемиот број од тестовите. Со новозаболените вкупната бројка на заболени од болоницата се искачи на 24. Со што состојбата станува повеќе од алармантна.

Кризниот штаб во Куманово денеска ќе предложи да се затвори гинеколошкото одделение и да се направи пресек на болницата со цел работата да се реорганизира.

Во болницата се вработени вкупно 685 мина и не може да се контролира секој пооделно, па за тоа е оставено на совеста на луѓето. Утрово бил одржан состанок со колегиумот и итно е испратено барање до Министерствтово за здравство и до комисијата за заразни болести, во болницата да не се примаат трудници поради опасноста за нивното здравје.

Во Куманово до сега 141 лице се заразаени во Куманово од кои 9 починаа.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

КОРОНАВИРУС: 46 нови случаи на заразени во Македонија

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.