6 фази на прекинување на љубовна врска: Од очај до „подобро сам/а отколку без него/неа“

Секој од нас го искусил или пак допрва ќе го искуси тоа горко чувство на прекинување на една љубовна врска. Секој човек поминува низ шест фази на раскинување. Дознајте кои се тие фази и како најлесно да ги пребродите. 
Фаза на очај
По раскинувањето, ова е првата фаза. Значително ви се намалува апетитот и енергијата. Само се влечкате од кауч на кревет. Сон никако не ви доаѓа на очи, и постојано само зјапате во телевизорот. Од оваа фаза најлесно ќе ве извлечат пријателите, кои ќе ви покажат дека се уште сте добра личност и дека имате шанси за нова љубовна врска.
Фаза на огорченост
Во оваа фаза очајот преминува во огорченост. Неуспехот од претходната врска се пресликува во идните обиди за врски, па и во другите односи со луѓето. Не им верувате на луѓето и се сомневате во секого. Не дозволувајте ова да ве скрши. Сепак е само аза која по малку време ќе мпомине.
Фаза „подобро сам/а отколку без него/неа“
Во оваа фаза решавате да си покажете себеси дека и животот без партнер е мошне добар и забавен. Сфаќате дека имате повеќе време за себе, за пријателите и роднините. Повеќе се забавувате и откривате нови работи, но сепак, за кратко ќе ви недостасува тоа таа позитивна енергија да ја споделите со неккој посебен.

 
Фаза „го/ја сакам назад“
Таман се созедовте од очајот и горчината, минатото почнува да ве прогонува. Се ве потсетува на него/неа. Го/ја гледате во секој човек, во секоја случка, на секое место, и го/ја посакувате назад. Ако добиете желба повторно да контактирате, не правете го тоа. Разговарајте со пријателите, па нека тие пробаат да ве разубедат од таквиот чекор.
Фаза на претерана активност
Овде правите буквално се и сешто: учите нов јазик, почнувате ново хоби, се впуштате во нов спорт. Се дружите со пријателите и го ширите вашиот круг на пријателства. И покрај тоа што се уште мислите на него/неа, овие работи совршено ве лечат. На вистинскиот пат сте да го зацелите скршеното срце.
Фаза на нов почеток
Ова е фазата кога конечно си признавате дека е готово и дека мора да се оди напред. Се уште се присутни активностите од претходната фаза, но не со толкав интензитет и брзина. Иако од време на време ќе ви биде тешко, веќе потполно сте заздравиле од раскинувањето и можете да се опуштите и да продолжите понатаму со животот.
  
Фаза на очај
По раскинувањето, ова е првата фаза. Значително ви се намалува

Пронајдете не на следниве мрежи: