Човечкото тело е склоно кон формирање на најразлични деформитети и по некоја мошне интересна појава. Никој не е имун на тоа, па ни славните личности. Прочитајте за некои од нивните телесни маани.
Хоакин Феникс е роден со лузна над горната усна. Тој вели дека мајка му при породувањето почувствувала силна болка, но не знае од што му настанала истата. Сепак, тоа не го спречува да добива добри улоги, а изгледа и лузната воопшто не му пречи.
Енди Гарсија се родил со сијамски близнак. Близнакот му бил прикачен на рамото и имал големина на грејпфрут. По раѓањето, хирурзите веднаш му го отстраниле малиот близнак. Гарсија не се сеќава на тоа, но има лузна на рамото за спомен.
Кеша била родена со опавче, кое било помало од 1 сантиметар, и и било хируршки отстрането. Кеша дури изразува и каење затоа што повеќе го нема опавчето.
Марк Волберг започнал како музичар, а потоа прераснал во еден од најуспешните актери. Но, и тој има нешто необично на себе. Верувале или не, Марк е роден со не две, туку три брадавици. Третата брадавица му се наоѓа веднаш под онаа на левата града.
Каролина Куркова, манекенка на Викторија Сикрет, се родила со кила на папокот, па итно била оперирана. Затоа, таа до ден денес нема папок. На сите фотографии со фотошоп и се монтира папок. На ревиите се приметувало дека на стомакот има мала вдлабнатина, но никаде нема дупка или пак јазолче од папокот.
Мила Kунис има хетерохромија. Нејзините очи се со различна боја. Едното и е сино, а другото зелено. Сепак, не е единствената. Оваа појава е многу честа во светот, а исто така ја имаат и Дејвид Боуви и Кејт Босфор.
Пронајдете не на следниве мрежи:



