На Ибрахимовиќ не му смета улогата на асистент

Златан Ибрахимовиќ на дуелот со Динамо Загреб успеа да направи нешто што многу ретко успева, тоа е да направи четири асистенции на еден меч во кој неговиот тим со исто толку голови го доби дуелот со хрватскиот шампион во Лигата на Шампионите.

„Беше премногу важно да покажеме сила по поразот во домашниот шампионат. Добро е што покажавме дека поседуваме самодоверба. Што се однесува до мојот настап, убаво е кога можам да им помагам на моите соиграчи кога не сум во состојба да дадам голови. Се наоѓаме во добра позиција и се надевам дека ќе обезбедиме понатамошен пласман во завршното натпреварување“ изјави Ибрахимовиќ по мечот со Динамо Загреб.

Пронајдете не на следниве мрежи: