Ибрахимовиќ го повикува Де Роси во ПСЖ

Златан Ибрахимовиќ го покани фудбалерот на Рома, Даниеле Де Роси, да му се придружи во екипата на ПСЖ.

„Имаме квалитетен тим, тоа е факт, но, од друга страна сигурен сум дека за нас Де Роси би бил големо засилување. Баш би сакал да дојде во овој тим“ изјави напаѓачот на екипата  на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ.

Де Роси во тимот на Рома заработува помалку од 6 милиони евра, се смета дека со преселба во ПСЖ би добил околу 8 милиони евра плата. Според пишувањата на одредени медиуми, за неговиот потпис се заинтересирани и Челзи и Реал Мадрид, сепак, се потенцира дека Реал Мадрид е во предност поради тоа што Де Роси ја преферира оваа опција, наводно поради Мурињо.

Пронајдете не на следниве мрежи: