Фото: Подалеку рацете од Де Роси!!!

Навивачите на екипата на Рома се крајно револтирани и разочарани што во последно време кружат разни приказни околу иднината на нивниот миленик, Даниеле Де Роси, кого го посочуваат како наследник на легендата на Рома, Франческо Тоти, тие порачаа „подалеку рацете од Де Роси“.

Пред неколку денови италијанските медиуми ја пренесоа изјавата на генералниот директор на Рома, Франко Балдини, кој навести дека Рома во иднина би можела да го продаде овој фудбалер.

Според информациите, владее големо незадоволство кај навивачите на Рома во Рим, па тие истакнале транспарент пред тренинг центарот кој може и на натпреварите да се види, транспарентот гласи „Подалеку рацете од Де Роси“.

Пронајдете не на следниве мрежи: