Пелегрини: Малага има победнички менталитет

Малага е непоразена во Лигата на Шампионите во група „Ц“, каде игра со Милан, Зенит и Андерлехт, по синоќешното реми на гостувањето кај Милан, тренерот на овој тим, Мануел Пелегрини со големи пофалби за својот тим.

„Пофалбите треба да одат на адреса на играчите бидејќи тие ги остварија нашите замисли. Овој тим, овие играчи имаат победнички менталитет, покажаа голема ментална способност“ изјави Пелегрини.

Мора да се потенцира дека оваа екипа се соочуваше со сериозни финансиски проблеми, останаа без неколку важни играчи, но, во Малага не очајуваа, предводени од Мануел Пелегрини одиграа четири одлични кола и по овие четири натпревари веќе осигураа понатамошен пласман.

Пронајдете не на следниве мрежи: