Меси: Уживав кога ги гледав Зидан, Роналдињо, Ривалдо, но Роналдо беше најдобар

Лионел Меси даде интересна изјава во јавноста каде вели дека му се восхитува на Роналдо, но не на Кристиано Роналдо, туку на оној „вистинскиот“ бразилецот Роналдо.

„Роналдо е мојот јунак. Уживав да го гледам Зидан, Роналдињо и Ривалдо, но Роналдо беше најдобриот напаѓач кој некогаш сум го видел“ вели Меси.

„Беше неверојатно брз и можеше да постигне гол од било која позиција, едноставно шутираше подобро од кој и да е што воопшто сум видел во фудбалот“ додаде аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси.

Пронајдете не на следниве мрежи: