Фото: „Дињо“ како мал…

Фудбалската легендарна ѕвезда Роналдињо Де Асис Мореира на мали години.
Започна во Гремио во 1998-мата година каде на 52 натпревари успеа да постигне 21 гол.
Потоа во 2001-вата година следеше трансферот во екипата на ПСЖ каде на 55 натпревари постигна 17 голови.
По две поминати години во францускиот ПСЖ следеше неговиот трансфер во Барселона, каде  со сигурност ги мина најубавите денови во својата фудбалска кариера, во пет сезони одигра 145 натпревари за овој тим притоа постигнувајќи 70 голови и станувајќи миленик на целокупната фудбалска јановст.
Во 2008-мата година се пресели во Милан каде на 76 натпревари постигна 20 погодоци, а по три поминати сезони во Италија, се врати во својата родна земја, Бразил, каде потпиша за Фламенго и одигра една сезона забележувајќи 33 настапи за овој тим и постигнувајќи 15 погодоци.
Моментално Роналдињо, или популарниот „Дињо“ е дел од екипата на Атлетико Минеиро, до овој момент има 27 настапи и 7 голови за овој тим.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: