Новата девојка е 18 години помлада од него

Откако неодамна ја заврши својата претходна врска, холивудскиот комичар очигледно нема време за губење, па така е сега во врска со манекенка, која е цели 18 години помлада од него. 

 

Имено, неодамна актерот Еди Марфи ја прекина врската со тв водителката Роси Дијаз, а сега е повторно заљубен. Папараците го “начекаа” 51 годишниот актер во романтична прошетка со неговата нова девојка, манекенката Пејџ Бучер.

 

Пејџ има само 33 години, и по потекло е од Австралија. Таа важи за успешна манекенка и модел, а спиесанието Максим не ги испушта нејзиното име кога секоја година ја прави листата на најубави луѓе во светот.

 

Мора да признаеме, Еди е многу среќен човек.

 

Актерот до сега беше оженет само еднаш, со Трејси Едмонс, а имаше врска со пејачката на Спајс Грлс – Мелани Б, со која има ќерка.

 

Поврзани статии:

Mila и Ashton најслаткиот пар во Холивуд

 

Џорџ Лукас ќе донира 4.5 милијарди долари

 

Џорџ Мајкл ја откажа турнеата во Австралија поради стрес

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: