Брејвик од Москва изврши убиства поради невозвратена љубов

Триесетгодишен правник на фармацевтска компанија во руската престолнина Москва отвори оган во средата врз своите колеги, убивајќи петмина и ранувајќи други две лица, непосредно пред нападот поставувајќи на социјалните мрежи манифест во кој изразува омраза кон човештвото.

Како што пишува во четвртокот РИА Новости, истрагата покажале дека 30-годишниот Дмитриј Виноградов правник во фармацевтската компанија „Ригла“ од североисточниот дел на Москва, го извршил масакрот поради невозвратена љубов од една девојка.
Како што им изјавил на иследниците, тој пред да го изврши злосторството пет дена по ред пиел алкохол, а шестиот земал два карабина, дошол на работа и отворил оган врз колегите.
Притоа двајца мажи и две жени загинале на самото место на своите работни бироа, на скалите кои воделе до друга канцеларија напаѓачот убил уште еден колега, а девојката во којашто бил вљубен, исто така е сериозно ранета.
Неколку часа пред трагедијата, осомничениот на својата страница за социјално вмрежување поставил манифест во кој тој изразува омраза кон човештвото и, исто така, пишува дека според него природната селекција „речиси престанала да постои“ и „безбедносниот простор на Земјата е веќе исцрпен“.

Набрзо по масакрот, напаѓачот бил совладан од полицијата којашто покрај двете пушки кај него пронашла и 230 парчиња муниција.

Иследниците коишто вршеле разговор со осомничениот, изразиле сомневање во неговата ментална состојба

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Годишнина од масакрот во Норвешка

Шпанската полиција спречи масакр на Универзитетот Мајорка

Најмалку 40 студенти убиени во масакрот во Нигерија

 

Пронајдете не на следниве мрежи: