Хибридни харддискови – идеална комбинација

Loading...

Хибридните харддискови денес претставуваат идеална комбинација на харддиск со голем капацитет и брзина. 

Сингапурскиот Data Storage Institute создал хибриден харддиск кој има дебелина од само 5mm. Единственото нешто што останува да почекаме да го видиме е цената на овој драјв, од која би зависела и цената, како и дебелината на наредниот MacBook на Apple.

Теоретски, овој диск може да биде употребен и во таблет, но поради кршливоста на компонентите тоа и не би било многу паметен потег. Покрај терабајтот традиционална меморија A-Drive содржи и 32 гигабајти SSD меморија за оперативен систем, друг софтвер или поголеми фајлови до кои е потребен брз пристап.

Освен дебелината, овој харддиск може да се пофали и со многу поголема ефикасност кога станува збор за потрошувачката на енергија, која овде е намалена за цели 70% во споредба со неговите претходници. Ова значи подолг животен век на вашата батерија. Овој харддиск сеуште не е во производство, но прашање на време е кога некоја компанија ќе се нафати да го изработува. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

Galaxy S3 стана крал на smartphone-ите

Google Chome е за 26% побрз оваа година

Google и Samsung прават таблет со појасен екран од iPad

loading...
Loading...