Атентаторот од Аризона осуден на седум доживотни казни

Џаред Ли Лофнер, кој во 2011 година во Тусон во Аризона уби шест луѓе и рани 13, а меѓу нив и пратеничката на американскиот Конгрес Габриел Гифордс, осуден е во четвртокот на седум доживотни затворски казни.

„Веќе ќе нема да има прилика да земе пиштол во рака“ рече судијата Лари Бернс при изрекувањето на пресудата за напад, којшто 24-годишниот Лофнер го изведе во јануари минатата година пред еден супермаркет во Тусон.
Гифордс била присутна во судницата, но не зборувала. Лофнер во август ја призна вината по 19 точки од обвинението, вклучувајќи и убиство и обид за убиство и така ја избегна смртната казна.
Тој призна дека на денот кога го извел нападот тргнал вооружан на јавен собир на кој учествувала Гифордс, за да ја убие.
Лофнер ја погоди конгресменката од редовите на демократите во глава од близина, а меѓу шесте луѓе кои ги уби беше и една деветгодишна девојка.
Пресудата која му е изречена не може да се преиначи во условна казна.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Бомбаш самоубиец нападна полициска станица во Истанбул

Видео: Најспориот убиец на светот!

Годишнина од масакрот во Норвешка

Пронајдете не на следниве мрежи: