5 тајни врски на славните

Loading...

Дали Kirstie Alley и Patrick Swayze навистина биле заедно? 

Во интервју за “Entertainment Tonight” оваа недела, 61-годишната актерка призна дека таа и познатиот актер биле заљубени додека го снимале филмот “North and South” во 1985 година. Во тој период и двајцата беа во брак, се разбира со други луѓе. Alley набрзо појасни дека не станувало збор за афера. 

“Мислам дека тоа што го направив беше и полошо од неверство. Затоа што кога ќе се заљубите во друг човек, а веќе сте во брак, го загрозувате својот брак, а и бракот на личноста за која станува збор.”

Alley можеби ги шокирала своите фанови со оваа изјава, но сигурно не е првата славна личност која признава вакво нешто. Еве уште 4 познати парови за кои веројатно не сте слушнале.

1. Jean Claude van Damme и Kylie Minogue – во август 2012, во интервју за весникот “The Guardian”, Jean Claude van Damme призна дека имал афера со поп-ѕвездата Kylie Minogue, кога двајцата го снимаа филмот “Street Fighter” во 1994 година. Во тоа време, актерот бил женет со Darcy LaPier. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2. Clark Gable и Loretta Young – додека бил во брак со својата втора сопруга Maria Langham во 1935, Clark Gable, кој тогаш имал 34 години, имал афера со Loretta Young, 22, за време на снимањето на филмот “The Call of the Wild” (“Повик на Дивината”). Во постхумна биографија Young признала дека Gable e татко на нејзината ќерка, актерката Judy Lewis.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3. Whitney Houston и Jermaine Jackson – во март 2012, британскиот весник “The Sun” објавил дека Jermaine Jackson, постариот брат на Michael Jackson, имал афера со Whitney Houston во 80тите и бил вљубен во неа до денот на нејзината смрт. Во тоа време Jackson бил женет со Hazel Gordy.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4. Richard Burton и Marilyn Monroe – Според биографија од 2008 година, Richard Burton имал вонбрачна врска со Marilyn Monroe, додека бил женет со својата прва сопруга Sybill Williams кон крајот на 50тите и почетокот на 60тите. Актерот подоцна се ожени со Elizabeth Taylor… два пати. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ви препорачуваме да ги прочитате и следните статии:

 

Ви ги откриваме 'лажните' имиња на славните!

 

Дадилките на славните ги откриваат нивните тајни

 

Кои се фобиите на славните во Холивуд

 

 

loading...
Loading...