Сестрата на Клуни за неговото детство и неговиот живот

Loading...

Сестрата на холивускиот срцекршач, Џорџ Клуни, Аделиа Зидлер, проговори за животот на својот помал брат. Таа коментираше за неговиот препознатлив стил на живот како вечен ерген, за гласините дека е геј и за неговото детство. 

 

“Мојот брат можеше да бира дали да има семеен живот или кариера. Тој ја избра кариерата. Џорџ отсекогаш имаше девојки, но никогаш не ги изневеруваше. Се сеќавам дека додека бевме мали, тој се гледаше со една девојка и по неколку месеци, а од кога ќе раскинеа поминуваше период пред да фати друга девојка. Приказните дека Џорџ е геј се навистина смешни. Но, се сомневам дека тој ќе се ожени со Стејси или со било која друга девојка.” – изјави постарата сестра на фаталниот актер.

 

Актерот има само еден брак зад себе, со Талија Балсам, во почетокот на 90те години. Аделиа живее повлечен живот, со својот маж и деца во малото место каде и што порасна со Џорџ – Огустин. Таа вози старо Волво и често ја посетува малата антикварница што ја поседува нивната мајка во истото село. Од целото семејство, само Џорџ Клуни е човекот кој живее луксузен, раскошен живот, патувајќи низ светот.

 

Поврзани статии:

Џорџ Клуни ја собра холивудската елита за својот најнов филм

 

 

 

Џорџ Клуни знае да ужива

 

 

 

 

ФОТО: Елизабета Каналис поранешната девојка на Џорџ Клуни

 

 

loading...
Loading...