Се уште е секси: Бритни во реклама за парфем ги покажа своите атрибути

“Горда сум и среќна што конечно е готов и спремен за објавување” – напиша Бритни Спирс на својот твитер профил за нејзинот најнов парфем – Fantasy Twist.

 

На почетокот на рекламата за овој парфем, Бритни се движи низ ходник на хотел, во златен фустан и со нејзината препознатлива руса коса. Потоа продолжува да танцува низ ходникот на нејзината песна Gasoline, додека гостите на хотелот ја набљудуваат низ клучалките на вратите. Бритни наеднаш исчезнува, за да се врати како божица, облечена во сребрен фустан.

 

Бритни подоцна изјави дека уживала во промената на имиџот и изгледот за време на снимањето на рекламата. На самиот крај таа се појавува со црна перика на главата. Моментално, Бритни е дел од жирито на шоуто X Factor. 

 

Поврзани статии:

Фото: Бритни Спирс во неубаво издание

 

Britney Spears пишува автобиографија

 

Имитаторка на Бритни Спирс од која ке останете подзинати

Пронајдете не на следниве мрежи: