Џастин Велби нов надбискуп од Кантербери

Досегашниот бискуп на Дарам Џастин Велби официјално во петокот е потврден за нов надбискуп од Кантербери, духовен поглавар на Англиканската црква. јави BBC.

Педесет ишестгодишниот Џастин Велби кој само пред една година стана бискуп, ќе го наследи Роуан Вилијамс кој во декември ќе замине во пензија, а на оваа функција дојде во 2003 година. Велби така ќе стане 105-от надбискуп од Кантербери и духовен поглавар на Англиканската црква, којашто има 77 милиони припадници во светот.
Кандидатите за нов надбискуп го номинира посебна црковна комисија и ги препраќа до британскиот премиер кој потоа ја советува кралицата, официјалната поглаварка на Англиканската црква, којашто го именува надбискупот.
Британскиот премиер Дејвид Камерон на својот микроблог на Twitter во петокот објави дека Џастин Велби е потврден за надбискуп и дека ќе биде востоличен во кантербериската катедрала на 21-ви март 2013 година.
Мислам дека никој не е повеќе изненаден од мене, што се однесува од исходот од овој процес. Именувањето на должноста во Кантербери обзема со емоции“, изјави Велби.
Бискупот Велби образованието го стекнал на Итон и Кембриџ и потоа 11 години минал во нафтената индустрија пред да замине на студии по теологија на Дархам.
Се замонашил во 1992 година. Станал пастор на Ситхам во 1995 година, а подоцна е именуван за каноник на катедралата во Ковентри. Таа должност ја напуштил во 2007 година, кога е именуван за декан на каноничкиот хор во Ливерпул. На позицијата бискуп на Дархам дојде во ноември 2011 година и работеше како специјален пратеник на надбискупот Роуан Вилијамс за Африка, обидувајќи се да постигне единство меѓу христијанската и муслиманската во Нигерија.
Аналитичарите велат дека Велби припаѓа на евангелистичкото крило во Англиканската црква, коешто точно се придржува на традиционалните интерпретации на Библијата со силен акцент на отворањето на Црквата.
Англиканската црква на 20-ти ноември ќе гласа за ракоположување на жени за бискупи, со што треба да се стави крај на десетгодишната расправа за едно од најконтроверзните прашање во англиканската заедница.
Жените веќе станаа бискупи во Австралија, Нов Зеланд, Канада и САД, меѓутоа Англиканската црква, матичната црква за околу 80 милиони англиканци низ светот, не успеа да го помири реформистите и традиционалистите по прашањето дали тоа треба да им биде овозможено и на жените во Велика Британија.
Актуелниот Кантербериски надбискуп, Роуан Вилијамс даде силна поддршка за ракоположувањето на жените за бискупи но, исто така, ја нагласи потребата од почитувањето на традиционалните ставови.
Англиканската црква досега ја напуштија педесетина бискупи кои ја прифатија поканата на римокатоличкиот папа Бенедикт Шеснаесетти да мината во Римокатоличката црква. На идејата за женско свештенство силно се спротиставуваат многу англикански заедници особено во земјите во развој.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: