Лејди Гага ја одби Мадона за заеднички настап

Loading...

54 годишната Мадона ја замолила својата колешка Лејди Гага да настапат заедно на концерт. Но, 26 годишната Гага ја одбила понудата. 

 

Таа е се уште лута на Мадона поради тоа што таа Мадона ја нарече Лејди Гага нејзина бледа копија, на почетокот на годинава. Таа исто така ја обвини Гага дека нејзината песна “Born This Way” е копија на стариот хит на Мадона “Express Yourself”.

 

Веројатно овој пат Мадона сакала на некој начин да се смират страстите меѓу нив, но не успеала во тоа да ја убеди Гага.

 

Мадона им се пожали за сето ова на нејзините обожаватели за време на нејзиниот настап во Минесота: “Ја викнав Лејди Гага да настапи заедно со мене, но таа ме одби. Но тоа е во ред, ме одбивале и порано, ваквите работи само ми помагаат да си го зацврстам карактерот. Гага, не треба да земаш се при срце” – заклучи Мадона. 

 

Поврзани статии:

Лејди Гага играше фудбал во Бразил

 

 

 

Мадона со недоличен настап и откажан концерт

 

 

 

 

 

Мадона на суд!

 

loading...
Loading...