5 причини поради кои Inter би можел да го освои Scudetto-то

Loading...

Inter го постигна невозможното – го победи италијанскиот шампион Juventus на гостински терен и ја прекина серијата на Старата Дама од 49 натпревари без пораз. 

Големиот подвиг на Inter на стадионот во Торино не смее да биде потценет, затоа што Inter го постигна она што не му успеваше на ниту еден друг тим веќе долго време. Освен тоа, мора да се оддаде почит и на Juventus, затоа што она што Juve го постигна во текот на тие 49 натпревари е нешто што многу ретко се случува во модерниот фудбал. 

Секој губи – тоа е причината што ваквите серии воопшто се слават. Како и да е, ноќта му припадна на Inter, а резултатот е огромен и служи како доказ повеќе за револуцијата на сино-црната страна на Милано. 

Со тренерот Andrea Stramaccioni, Inter изгледа како комплетно трансформирана екипа споредено со минатата сезона. По победата над Juve – според многумина најдобриот тим во Италија (сеуште се на првото место на табелата) – миланските гиганти имаат уште повеќе мотив да се борат за титулата во Мај. 

Еве 5 причини зошто Inter би можел да биде крунисан за италијански шампион на крајот на ова првенство. 

1. Лошите времиња поминаа

Inter заслужува признание за начинот на кој се справи со проблемите во последните неколку сезони. По заминувањето на Jose Mourinho во 2010 година, среќата како да ги напушти Moratti и неговиот клуб. Inter не можеше да ја надомести загубата на најдобриот тренер во светот. 

Rafael Benitez, Leonardo, Gianpiero Gasperini, Claudio Ranieri… сите се пробаа на кормилото на Inter. За кратко време, европскиот шампион од 2010 година стана второкласна екипа која излезе од европската елита. 

Тогаш се појави Stramaccioni, чие најмување е знак дека сопственикот Massimo Moratti сега има поинаков пристап кон градењето на тимот. Новиот тренер на Inter има само 34 години, и можеби нема искуство како некои кои беа на неговата позиција пред него, но резултатите кои ги покажува до сега би можеле да го поплочат патот до титулата на крајот на оваа сезона. 

Младиот стратег има амбиција, знаење и огромна желба. Овие квалитети успеа да му ги пренесе на тимот на гостувањето во Торино. Ретки беа оние кои мислеа дека Nerazzurri-те можат да си заминат со триумф, но тие успеаа. Тоа е резултат кој покажува комплетна промена во сржта на тимот по само неколку месеци под водството на тренерот од Рим. 

2. Светската класа на Antonio Cassano

Milan сигурно жали што Inter го доби подобриот дел од зделката во која Pazzini одлучи да го облече црвено-црниот дрес, а Cassano да премине во екипата за која навива од дете. 

Вистина е дека поранешниот играч на Real Madrid и Roma доаѓа со тежок багаж, но кога Cassano ќе “проработи” тешко е да се најде подобар италијански фудбалер на неговата позиција. 

Репрезентативецот на Италија игра фантастично; изгледа среќен, полн со самодоверба и успева своето влијание да го рашири на целиот тим. Немаше среќа да погоди против Juventus, иако можеби неговиот фантастичен шут во првото полувреме заслужи да биде претворен во гол. 

Cassano е вистински магионичар со топката и навистина е на нивото на Andrea Pirlo. Тој е докажан фудбалер и може да ги отклучи бравите и од најцврстите одбранбени линии во светот. Тој, заедно со останатите засилувања како Rodrigo Palacio, е уште една причина поради која Inter би можел да стане шампион на пролет. 

3. Diego Milito повторно постигнува голови

Седум гола на 11 лигашки натпревари оваа сезона, заедно со 24-те голови минатата сезона го носат поранешниот напаѓач на Genoa многу блиску до формата која ја имаше кога беше можеби најдобриот напаѓач во Европа во 2010 година, кога пред се благодарение на неговите голови Inter ја покори Европа. 

Inter тогаш не важеше за најквалитетна екипа во Европа, но сепак со решавачките голови на Milito успеа да застане на европскиот трон, а исто така да ги освои и италијанската лига, како и италијанскиот куп и да го комплетира популарното Triplete. Inter во 2010 година стана првата екипа која успеала да достигне ваков успех. 

По врвот на неговата кариера, двата гола во Мадрид во финалето на Лигата на Шампионите против Bayern Munchen, Milito како да се загуби. Во 23 натпревари наредната сезона, Milito постигна само 5 голови, и можеби беше фудбалерот кој забележа најголем пад во играта по заминувањето на Mourinho.

Неговиот камбек продолжува од минатата сезона, а се чини дека тој се полесно постигнува голови. 

Stramaccioni го извлекува најдоброто од веќе докажан напаѓач. Milito го потхранува вистинскиот менталитет, и ја покажува онаа желба која кај него се гледаше во златното време на Nerazzurri-те. 

4. Добриот тим е изграден на грбот на европски шампиони, а е исполиран со нови таленти

И покрај турбуленциите кои го дестабилизираа Inter по заминувањето на Mourinho, не смее да се заборави дека Inter има фудбалери кои со португалскиот стратег го покорија светот. 

Walter Samuel, Esteban Cambiasso, Wesley Sneijder, Javier Zanetti и Diego Milito се фудбалери кои го имаат златниот медал од Лигата на Шампионите.

Samuel сеуште игра на врвно ниво, Zanetti е вистинска легенда, Cambiasso покажа дека тимот секогаш може да се потпре на него, а од Sneijder допрва се очекува да блесне откако ќе се справи со повредите оваа сезона. 

Оваа мешавина на искуство, поткрепена со талентите на фудбалери како Juan, Andrea Ranocchia, Cassano, Coutinho и Palacio се покажа како одговор на проблемите на Stramaccioni. 

Ако Inter продолжи да се враќа на патот по кој ја освои Лигата на Шампионите пред 2 години, не постои причина сино-црните да го вратат Scudetto-то во своите витрини во Мај. 

5. Цврста одбранбена линија

Inter има една од најдобрите одбранбени линии во Serie A оваа година, а голманот Samir Handanovic се покажа како идеална замена за Julio Cesar, кој го напушти клубот. Поранешниот голман на Udinese беше вистински ѕид на голот на Inter против Juventus, сетете се на одбраната на волеј-ударот на Marchisio со која го задржа неговиот тим во игра. 

Бразилскиот дефанзивец Juan покажува вистински потенцијал, истото важи и за Ranocchia, а Samuel и Zanetti веќе имаат докажано дека се одличен тандем. 

Одбраната сочинета од тројца дефанзивци функционираше одлично против Juve, а беше казнета само од лошата проценка на судиите на почетокот на мечот, кога не беше увидена офсајд позиција при градењето на акцијата за голот на Arturo Vidal.

Одбраната изгледа дисциплинирана и мирна. Квалитетни, докажани фудбалери се борат покрај новите таленти, и со оглед на тоа што работите функционираат одлично и на остатокот од теренот, единствениот правец за Nerazzurri-те е нагоре. 

 

Ви препорачуваме да ги прочитате и следните статии: 

 

(ФОТО) Касано навистина бил фан на Интер од мали нозе 

Казни за Јувентус и Интер поради нереди на нивните навивачи

Македонци „Нероаѕури“ вечерва ќе навиваат за Интер во Белград

loading...
Loading...