Берлускони се уште плаќа за неговите `бунга-бунга` забави

Loading...

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони, и понатаму дава илјадници евра месечно за девојките кои ги посетувале неговите познати забави.

Пет жени кои сведочат на судењето на соработниците на Берлускони, обвинети дека му наоѓале проститутки, рекоа дека и понатаму добиваат парични подароци од медиумскиот магнат.
„Силвио Берлускони се уште ми дава 2.500 евра месечно“, вели Елиса Тоти, една од девојките која наводно учествувала на таканаречените `бунга-бунга` забави.
Како што пренесува Reuters, Тоти рекла дека поранешниот премиер и помогнал во купувањето куќа и автомобил, но демантирала дека била платена за сексуален однос со него.
Други две жени кои се сослушани во судот, исто така, рекле дека месечно примаат слични износи од Берлускони.
Во април Берлускони на новинарите на маргините на судскиот процес им рече дека и понатаму и дава пари на малата војска жени  вклучени во`бунга-бунга`забавите затоа што по скандалот тие биле уништени и осрамотени со лош публицитет што го следи судењето.
Во одвоен, но поврзан судски процес Берлускони е обвинет дека платил за сексуален однос со малолетна проститутка, како и за злоупотреба на власта со цел да ја ослободи од полициски притвор.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Demi Moore организираше суперлуксузна приватна забава во Индија

Забава од женските соништа

Разузнавачката служба потрошила 800.000 долари за Бонд забава

loading...
Loading...