Adele не ни помислува да слабее!

Можеби ретко и се случува на Lady Gaga, но со Adele нејзината тежина често е тема на разговор. Но, од друга страна, не дека неа ја интересира што мислат другите.  

Во книгата “Adele – The Biography”, 24-годишната ѕвезда вели дека се чувствува удобно во своето тело и дека нема никаков план да симнува килограми. 

“Прочитав коментар на YouTube поврзан со мојата тежина што мислев дека ќе ме вознемири… но отсекогаш сум изгледала вака, тоа воопшто не ми пречи. Би се решила да ослабнам само ако тоа влијае на моето здравје или сексуален живот. А до сега не сум имала никакви проблеми на ниедно од двете полиња.” – изјавила Adele. 

Тажно е што пејачката мора да дава вакви изјави, но веројатно веќе е навикната да се брани од дрските критичари. 

“Никогаш не сум сакала да изгледам како манекенките кои се наоѓаат на насловните страни на списанијата. Ги почитувам жените и се гордеам со моето размислување. Сум видела луѓе кои дозволуваат оваа тема да им го управува животот, кои по секоја цена сакаат да бидат слаби, да имаат поголеми гради итн. Не го сакам тоа во мојот живот. Се разбира, понекогаш се чувствувам несигурна, но не се дружам со луѓе кои ја посочуваат мојата тежина како важен фактор.”

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Adele стана мајка! 

 

Адел го напушта Лондон

 

 Хајди Клум призна дека е заљубена во својот телохранител и партнер Мартин Кристен.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: