Наташа Беквалац на Евровизија 2013

Според српски курур, Наташа Беквалац добила понуда да ја претставува Србија на Евровизија во 2013 во Шведска. Понудата дошла до Наташа, откако им пропаднал првиот план на организаторите.

 

Имено, луѓето задолжени за изборот на Србија за Евровизија, сакале повторно да ја видат Марија Шерифовиќ на евровизиската сцена и сметале од досегашното искуство дека со нејзиниот моќен глас би можела повторно да ја донесе победата токму во Белград. Но Марија на тоа го изјави следново: “Сфакам дека некои луѓе сметаат дека би можела да постигнам повторно успех на Евровизија, но јас немам такви амбиции. Во 2007 го освоив првото место и сега не би била задоволна со второ или трето. Од друга страна, сметам дека треба да се врати Беовизија”.

 

Откако Марија кажа не, организаторите се обратиле кај српската барбика. Тие сметаат дека и Наташа има добри гласовни можности и дека нема некој кој ќе може да одолее на нејзината појава и изглед. Србија смета дека Беквалац е добитната комбинација. Нејзиниот менаџер се уште не излезе со соопштение во јавноста за тоа дали ја прифаќаат понудата. Останува да чекаме и да видиме.

 

Поврзани статии:

Наташа Беквалац е конечно среќна

 

 

Нова песна и турнеја на Наташа Беквалац

 

 

 

 

 

Фотографии од Цеца и Влада ја полудеа Беквалац

 

Пронајдете не на следниве мрежи: