5 легендарни голови во фудбалот

Како да бидете сигурни во избирањето на 5те најдобри голови на сите времиња? Како да бидете сигурни дека не сте пропуштиле барем 1000 голови што заслужиле да бидат земени во предвид?

Пред да започне проценката на овој избор, мора да се каже дека на оваа листа головите не стигнале само поради самата убавина, туку во предвид е земена и сцената на која се постигнати.

5. Roberto Baggio, Италија против Чехословачка, 1990

Baggio беше суперѕвезда. Кога Италија го организираше Светското Првенство во 1990 година, Baggio мораше да чека до последниот натпревар од групната фаза за да ја покаже својата мајсторија. 

Ремек-делото Baggio го претстави во Рим, а Baggio не можеше подобро да му се претстави на светот.

Ова беше оној гол кој го одбележа тоа Светско Првенство и ги исполни навивачите на домаќинот со надеж дека можат да отидат до самиот крај. Сепак, Аргентина ги расипа плановите на Италијанците со победа на пенали во полуфиналето. 

4. Lionel Messi, Barcelona против Getafe, 2007

Lionel Messi, малиот левак, фудбалскиот генијалец од Аргентина ја има заслужено секоја споредба со големиот Diego Armando Maradona. 

Во 2007 година, во натпревар против Getafe, Messi даде сопствена изведба која потсети на голот на Maradona од Светското Првенство во 1986 година во мечот против Англија (на ова ќе ве потсетиме подоцна) со извонреден соло продор.

Messi ја покажа својата извонредна рамнотежа, чудесната контрола на топката и фудбалската интелигенција, при што навистина изгледаше како Messi  да размислува неколку чекори пред сите други фудбалери на теренот. 

Едноставно се знаеше дека еден ден Lionel Messi ќе направи ваква мајсторија на теренот. Да се случеше на поважен натпревар, секако ќе се најдеше повисоко на овој список. Не дека фактот што не бил којзнае колку важен натпреварот во кој е постигнат треба да одземе од неговата убавина. 

3. Zinedine Zidane, Real Madrid против Bayer Leverkusen, 2002

Веројатно ја препознавте сцената уште на сликата на почетокот на оваа статија. Тоа беше моментот кој ги сумираше сите вонземски фудбалски способности на вечниот Zizou.

Се случи во 2002 година, во финалето од Лигата на Шампионите меѓу Real Madrid и Bayer Leverkusen. При резултат 1-1, на асистенција на Roberto Carlos, Zidane покажа зошто според многу експерти важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. 

Неповторливата елеганција на Французинот беше круна на моментот кој го одзема здивот на публиката на Hampden Park во Glasgow. 

Факт повеќе за оваа мајсторија на Zizou, тој го постигна можеби најубавиот гол во својата кариера со левата нога, а Zizou е деснак. Праведно беше овој гол да му ја донесе деветтата европска круна на Real Madrid.

2. Carlos Alberto, Бразил против Италија, 1970

Тимот кој Бразил го имал на Светското Првенство во 1970 година сеуште ги прогонува сите селекции од тогаш па наваму. Pele, Rivelino, Jairzinho, Carlos Alberto… некои од најдобрите фудбалери кои некогаш заиграле заминаа за Мексико тоа лето со заедничка цел. 

Carlos Alberto го постигна голот за паметење на тоа првенство во победата од 4-1 против Италија. Тоа беше последното нешто што Бразил имаше да го “каже” на тоа првенство кое Бразилците го маѓепсаа, а голот остана да се памети во годините што доаѓаа. 

Може да им се завиди на луѓето кои биле таму да го видат ова дело. 

1. Diego Maradona, Аргентина против Англија, 1986

Diego Maradona неколку минути пред овој момент постигна еден од најконтроверзните голови во историјата на Светските Првенства – користејќи ја својата рака да ја вметне топката покрај англискиот голман Peter Shilton, со што Аргентина го превзема водството во овој тежок четвртфинален натпревар. 

Тоа беше еден од најлошите моменти во кариерата на El Pibe del Oro, но најдоброто следеше. Maradona го направи најпознатиот слалом во светскиот фудбал додека фудбалерите во бели дресови немоќно паѓаа околу него. Аргентина победи со 2-1, а Maradona подоцна ја одведе Аргентина до самата титула и до светска слава. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

(Видео): „Четврт со месо“ за Азар… 

(Видео): Еве зошто Лукас Моура е ГОЛЕМ ФУДБАЛЕР…

Додавањата како виното, се' подобри со годините

Пронајдете не на следниве мрежи: