Јелена Розга ја копира Северина

Loading...

При своето појавување во Сараево, Јелена Розга изненади со својата модна комбинација на црно чипкасто боди под кое се гледаше нејзиниот градник. 

Но, изненадувањето и не траеше баш најмногу, по навраќањето во 2005 кога Северина ја ’’исфура’’ комплетно истата комбинација, носејќи ја на премиерата за претставата ’’Чекајќи го својот човек’’ во загребачкиот театар Керемпух.

Модна креација од Elfsa, креација која Северина ја имаше приликата прва да ја носи.

Голем дел од публиката приговара на постојаното копирање на Северина од страна на Розга. Изминатата година Розга за потребите на нејзината песна ’’Занемари’’, направи видео запис во кој дел од кадрите се комплетно исти како во видеото на Северина за нумерата ’’Бред Пит’’, ’’Гаде’’ и ’’Халјина боје лила’’.

Но и не би било така очигледно доколку повторно истото не го направеше со нејзиниот најнов спот за годинешниот летен хит ’’Добитна комбинација’’, во кој играјќи покрај автомобил повторно направи копија на кадрите од видео записот на Северина за исто така големиот летен хит ’’Италиана’’.

И покрај негативните критики Розга изјави дека Северина никогаш и не ја сметала за конкуренција, притоа додавајќи дека тие две се одлични соработнички.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги следниве статии

 Северина лудува во дискотеките во Загреб

 

 

 

 

 

 Ексклузивно: Новата, се уште необјавена песна на Северина!

 

 

 

 

 Северина блесна на насловни страни во 6 земји од поранешна Југославија

loading...
Loading...