Тиаго Силва: Ќе го наговорам Паулињо да потпише за ПСЖ

Бразилецот во редовите на француски ПСЖ, дефанзивецот Тиаго Силва, му препорача на бразилскиот репрезентативец Паулињо да се пресели во тимот на ПСЖ и најави дека ќе се обиде да го наговори за таа одлука.

„Проблемот со Паулињо е тоа што има премногу заинтересирани клубови за неговите услуги. Во моментов најупорен е Интер, но јас ќе направам се што можам да го наговорам да премине во тимот на ПСЖ“ вели Силва.

„Паулињо има брзина, сила, енергичност, и постигнува голови. Тој е одличен играч во средината на теренот и треба да ни биде главна мета во преодниот трансфер-период. Тој совршено би се вклопил во нашиот тим“ вели Силва.

Инаку, 24-годишниот Паулињо настапува за Коринтианс, а веќе има и шест настапи за Бразил каде постигна два гола, и тоа против Аргентина и Јапонија.

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Времеплов: И големата ЦСКА Москва падна на колена пред Вардар… (ВИДЕО)

 

 

 

 

 

Фото/Видео: Головите на Тричковски и Тасевски во „Лига Европа“

 

 

 

Дрогба се враќа во Челзи!

Пронајдете не на следниве мрежи: