Ди Матео: Никој нема сигурно место во стартната постава

Иако беше сосема спремен за настап во првиот тим на Челзи, сепак Џон Тери во средата навечер остана на клупата на натпреварот со Шахтјор во рамките на четвртото коло од Лигата на Шампионите, што тимот од Лондон го доби со резултат 3-2.

Роберто Ди Матео изјави дека тоа не би значело дека ја губи довербата во 31-годишниот одбранбен играч.

„Тој е дефинитивно одличен играч во нашиот тим, така ќе биде и понатаму, ќе остане наш капитен и лидер секогаш кога ќе биде на теренот“ изјави Ди Матео.

„Но, сите треба да имаат во предвид дека на никого, ама баш на никого, не му е загарантирано првото место во тимот, односно дека со сигурност би бил во стартната постава на екипата на Челзи“ изјави стратегот на Челзи, Роберто Ди Матео.

 

 

ПУЛС24 СПОРТ

( Имате информација, вест што сакате да ја објавиме? Контактирајте не! www.facebook.com/puls.sport.10 )

 

Времеплов: И големата ЦСКА Москва падна на колена пред Вардар… (ВИДЕО)

 

 

 

 

 

Фото/Видео: Головите на Тричковски и Тасевски во „Лига Европа“

 

 

 

Дрогба се враќа во Челзи!

Пронајдете не на следниве мрежи: