Холивудските фраери во одела – вие одлучете кој изгледа најдобро

Оделата секогаш се во мода, а често знаат комплетно да го променат имиџот на човекот што ги носи. Глумците и нивните стилисти го знаат ова, поради тоа тие секогаш можат да се видат во најновите модели од најлуксузните брендови во светот. Но, одело не може секому да му стои добро. Еве неколку слики од познатите холивудски актери, па вие одлучете кој припаѓа во оваа елегантна класа, а кој треба да се врати на спортските комбинации. 

1. Британскиот актер Jude Law го “зачинил” ова класично сиво одело со виолетова кравата. Темното сако одлично ја комплетира комбинацијата. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

2. Популарниот Ed Westwick, познат какo Chuck Bass од “Gossip Girl”, ни во приватниот живот не ги остава оделата. Понекогаш може да се види во необични карирани модели, но верен е и на класичните одела. Често во таквите комбинации знае да разбие со необични комбинации на бои, како и со златни ланци, мали брошеви и сл. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

3. Американскиот пејач и глумец Justin Timberlake без сомнение има вкус кога станува збор за мода. Тој знае да направи полн погодок дури и кога комбинира бои кои не се конвенционални за оделата. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4. Jason Statham го задржува имиџот на “лошо момче”, истакнувајќи го со темните наочари кои ги носи со ова темно одело. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5. Најпопуларниот вампир во приватниот живот е многу опуштен и се чини дека не се преоптоварува премногу со својот изглед. Затоа за неформалните прилики бира комбинации во кои изгледа добро, но се чувствува опуштен. Тоа очигледно не значи дека Robert Pattinson не знае добро да се дотера кога приликата го бара тоа од него. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

6. Очигледно е дека миленикот на жените Ryan Gosling не се плаши и од похрабри комбинации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

7. Американскиот глумец Bradley Cooper се враќа во стилот од 80тите со ова виолетово одело и светло-сината кошула. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

8. И Gerard Butler, познат по тоа што е “откачен” лик, не е голем фан на одела. Секоја прилика ја користи да ја извади краватата. Сепак, свесен е дека добро изгледа во одело, па понекогаш знае како вистински џентлмен да избере смокинг со “лептир” машна. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

9. James Bond или Daniel Craig ни во приватниот живот не излегува од оделото. Еве во каквa комбинација се појави актерот на премиерата на “Skyfall”. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

10. Поранешниот James Bond, Pierce Brosnan, како и сите агенти пред и после него, има навистина одличен вкус за мода. Како што ќе видите на сликата, Brosnan изгледа одлично! 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

11. Тешко е да го замислите најголемиот шармер во Холивуд, George Clooney, во нешто друго освен одело. Носи секакви комбинации, но секогаш останува верен на класичниот стил. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

Кои холивудски ѕвезди се со најлошиот карактер?

 

Џорџ Клуни снимаше реклама за Мерцедес

 

Gerard Butler излезе од рехабилитација

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: