“George Michael ќе умре од кокаин и алкохол – сеуште се дрогира!”

Музичкиот продуцент Andros Georgio (50) вели дека George Michael (49) сеуште не престанал да се дрогира, иако тој го тврди спротивното. Според Georgio, пејачот откажува настапи затоа што претерува со кокаин и алкохол, а не затоа што е исцрпен. Му препорачува под итно да престане.

Пејачот годинава ја шокираше јавноста кога во интервју за време на Brit Awards се покажа дека неговиот говор е неразбирлив и испреплетен, со што повторно се појавија гласини дека мегаѕвездата сеуште се дрогира. 

“Дали George Michael беше издрогиран? Не успеав да го разберам ништо денес, навистина изгледаше лошо.” – напиша на својот Twitter профил после шоуто водителот James Corden.

Неговите агенти тврдат дека бил потполно трезен и дека од Австралија пристигнал во Лондон само за да ја предаде наградата на Adele, затоа што ја обожава.

“George Michael ги спомена Barclaycard додека ја претставуваше наградата од MasterCard… тоа беше непроценливо” – гласеше еден од коментарите. 

 

Ви препорачуваме да ги погледнете и следните статии:

 

George Michael Duet with Mary J. Blige – As 

Џорџ Мајкл ја откажа турнеата во Австралија поради стрес

Бред Пит за своето минато со дрогата

Пронајдете не на следниве мрежи: